Ленард „фрли во вода“ 21 милион долари и станува слободен агент

lenard

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Кавај Ленард дефинитивно ќе се испроба на пазарот ова лето каде ќе се обиде да дојде до најдобрата понуда од заинтересираните клубови.

Имено Ленард одлучи да ја искористи опцијата која му стоеше на располагање, поточно одби 21.3 милиони долари кои му следуваа за да стане неограничен слободен агент. Единствениот тим кој може да му понуди максимален петгодишен договор вреден 190 милиони долари е Торонто Репторс, тим со кој испиша историја и стана шампион.

Според „Јаху“, МВП на финалната серија сериозно размислува да остане меѓу „рептилите“, но ќе треба да се почека за конечна разврска со оглед на тоа што многу екипи го посакуваат и тоа со право со оглед на неговите квалитети во двата правци, офанзивно и дефанзивно.

Популарната „канџа“ во дресот на Репторс имаше учинок од 26,6 поени и 7,3 скокови по натпревар.

Facebook Коментари