Поврзете се со нас

НБА

Ленард добиваше жестоки свирежи од фановите на Сан Антонио, а потоа Попович го зема микрофонот во раце (Видео)

Објавено

на

Кави Ленард својата играчка кариера ја изгради како член на шампионскиот тим на Сан Антонио и го освои својот прв прстен со овој тим, но поради заминувањето од Тексас, актуелната ѕвезда на Лос Анџелес Клиперс е персона нон грата во „Фрост Банк центарот“.

Клиперси рано утрово гостуваа во Сан Антонио и успеаја да остварат победа со резутлат 102:109, но сцената на мечот ја изрежира Грег Попович.

Легендарниот тренер на Спарси мораше да ги прекине своите навивачи кои жестоко го исвиркуваа Ленард во текот на целиот меч, а лекцијата која ја даде Грег сега служи за приме во цела Америка.

– Извинете ме за секунда. Може ли да престанеме со свирежи и да ги оставиме играчите да играат. Тоа е без класа, а ние не сме такви. Престанете со свиркањето, – порача Попович.

Дел од фановите во арената ги прифатија зборовите на тренерот, но добар дел продолжија со свирежите и во останатиот дел од мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни