Поврзете се со нас

Свет

Леман нападна еден германски репрезентативец и побара реакција од УЕФА: Можеби се чувствува како жена!

Објавено

на

Foto:instagram.com/jenslehmannofficial

Роберт Андрих значително го промени изгледот пред четвртфиналето со Шпанија и ја обои својата коса во розева боја, а малата промена наместо среќа, му донесе само критики во родната земја.

Играчот на Баер Леверкузен изненадувачки остана без стартерското место и доби шанса во вториот дел, но сепак најголемо внимание привлече поади промената на имиџот за кој доби навистина жесток коментар од Јенс Леман.

Поранешниот голман го „вжешти“ четвртфиналето со коментар дека Шпанците се млади и неискусни за едно четвртфинале на Европско првенство, а откако прогнозата не му се исполни, реши бесот да го истури врз играчот на Леверкузен.

– Се прашувам дали Андрих има проблем со карактерот поради тоа што привлекува внимание на ваков начин. Ако бев во тимот, ќе ми беше многу чудно да видев таков соиграч, сигурен сум дека не му изгледа добро и на селекторот.

– Прво имаше сина коса, сега розева…… Не знам што сака да покаже со тоа, треба многу да се внимава. Можеби се чувствува како жена! Знам дека треба да се има поголема толеранција, но УЕФА мора да забрани вакви фризури и бои на коса како онаа на Андрих. Според мене, вакви бои можат да предизвикаат конфузија на теренот, – порача Леман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни