Поврзете се со нас

Европски првенства

Леман им се обрати на Шпанците: Имавте малку среќа, мојата прогноза беше погрешна (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/jenslehmannofficial

Јенс Леман ги зовре страстите и привлече внимание со својата изјава пред четвртфиналето на Европското првенство во Штутгарт, нарекувајќи ја актуелната селекција на Шпанија како недоволно зрела и искусна за еден тежок испит.

Поранешниот германски репрезентативец нагласи дека Шпанија изгледа како младинска селекција на највиско ниво, но овие зборови мораше да ги „проголта“, откако „фуријата“ вчера извојува победа над Германија.

Во витешката борба која ја имаа двата тима на теренот, на крајот поумешни беа Шпанците кои славеа со 2:1, а Јенс Леман сега немаше проблеми да честита и да признае дека има погрешна проценка.

– Честитки до шпанскиот тим. Прераснавте во зрели воини ки имаа и малку среќа додека се боревте и страдавте….

– Ви посакувам се најдобро во останатиот дел од турнирот, мојата прогноза беше погрешна. Јенс Леман, – гласи објавата на легенарниот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни