Поврзете се со нас

Европски првенства

Леман ги разгорува страстите пред четвртфиналето: Шпанија изгледа како младински тим!

Објавено

на

Foto:instagram.com/jenslehmannofficial

Денеска ќе ги дознаеме последните два патници во четвртфиналето на Европското првенство, а како што се приближуваат деновите за оваа возбудлива фаза, така расте и тензија меѓу играчите, но и легендите кои некогаш беа дел од овој спорт.

Германија како организатор на турнирот ќе игра против најрасположената селекција во досегашниот тек на турнирот, но додека цела јавност покажува максимален респект кон Шпанија, Јенс Леман нема толку големо мислење за тимот на Луис Де ла Фуенте.

Поранешниот германски репрзентатативец не стравува од целокупниот изглед на шпанскиот тим, бидејќи смета дека на крајот до израз ќе дојде искуството кое е на страна на Германците.

– Шпанија е многу млада и неискусна репрезнетацијата. Всушност, Шпанија изгледа како младински тим во овој момент, – изјави Леман за „Велт ТВ“, порака со која секако го разгори четвртфиналето кое е закажано за во петок.

За разлика од него, десниот бек Џошуа Кимих има сосема спортивно мислење за играта на шпанскиот состав.

– Шпанија го остави најдобриот впечаток на Европското првенство. Ако сакаме да станеме шампиони, нема никакви шанси да ги избегнеме до крајот. Затоа, сеедно е дали играме во четвртфинале, или во финале, – изјави Кимих.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни