Поврзете се со нас

Репрезентација

Лековска не се прослави, Македонија испушти чиста победа против Бугарија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската женска фудбалска репрезентација испушти чиста победа во пресметката со Бугарија во рамките на 4. коло во Лигата Ц од УЕФА Лигата на нации.

Избраничките на Кирил Изов беа на добар пат да ја освојат Софија со оглед на тоа што до самиот финиш на средбата водеа со 2-0 со погодоците на Рочи во 11 и Максути во 62 минута, голови при кој значајна улога имаше капитенката Андонова со оглед на тоа што при првата ситуација нејзиниот удар заврши во пречката, а при втората маестрално ја проигра нејзината колешка Илза.

Проблемите за нашиот национален тим започнаа по исклучувањето на Коларовска во 72 минута, поточно заработи втор жолт картон. На голот ја имавме несигурната Лековска која во продолжението при два погодоци, ситуации при кои дефинитивно можеше подобро да реагира.

Прво Желева ја матираше во 85 минута, а во судиското продолжение ја испушти топката која Расина ја смести на вистинското место.

Македонија во групата 5 освои само еден бод и тоа овој вечерашниот, Косово заврши на првата позиција со 10, а Бугарките освоија 5 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни