Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер: Јас сум супер мотивиран поради пристигнување на Хамилтон

Објавено

на

Шарл Леклер вели дека доаѓањето на Луис Хамилтон е позитивна работа и за него и за Ферари и дека е супер мотивиран да покаже што може да направи против седумкратниот светски шампион во ист болид и од кого очекува да може да научи многу.

Пред почетокот на новата сезона во Ф1 во 2024 година, Хамилтон го најави доаѓањето во Ферари во 2025 година, каде ќе го замени Саинц кој заминува во Вилијамс, а Леклер ќе добие нов тимски колега.

Тоа ќе биде четврти тимски колега на Леклер откако дебитираше во Формула 1 во 2018 година во Алфа Ромео Заубер со Ериксон, а во Ферари возеше со Фетел (2019 и 2020 година) и Саинц (2021-2024).

„Кога седумкратен светски шампион ќе се приклучи на некој тим, тоа е секогаш добра вест“, изјави Леклерк за Autosport.

„Прво, затоа што тоа е супер интересно и супер мотивирачко за мене. Супер интересно затоа што учам од еден од најдобрите Формула 1 возачи досега. И второ, тоа е супер мотивирачки бидејќи сум супер мотивиран да покажам што сум способен да направам против Луис во истиот болид. Затоа, поради тие две причини, навистина се радувам на тоа“.

Леклер смета дека доаѓањето на Хамилтон во Ферари е позитивна работа и поради фактот што со овој потег тие покажуваат сериозни намери и затоа би можеле да привлечат повеќе талентирани поединци во тимот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни