Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер заработи казна за последната трка во Абу Даби

Објавено

на

Шарл Леклер имаше ужасен ден на трката за ГН на Бахреин, која ја заврши уште во првиот круг, а инцидентот кој го предизвика, индиректно го елиминираше и Макс Ферстапен.

Возачот на Ферари вечерва официјално заработи казна од стјуардите на ФИА, кои првично најавената истрага ја претворија во казна за Леклер.

Тој на последната трка од актуелната сезона во Формула 1 ќе стартува три позиции наназад од резултатот кој ќе го оствари во квалификациите во Абу Даби, а доби и два казнени поени.

Стјуардите потврдија дека Леклер почнал да ги користи сопирачките предоцна и се судрил со Перез, кој коректно влегол во свијокот, а кој како последица од судирот мораше да го посети боксот.

По трката, Ферстапен го обвини Леклер дека бил невнимателен и дека треба да сноси одговорност за инцидентот, нешто што е потврдено со казната за последната трка во АбуДаби,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни