Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер за односот со Ферстапен: Не сакав да го видам…

Објавено

на

Шарл Леклер ќе се обиде што побргу да ја заборави последната сезона во Формула 1 и во 2021 година ќе се надева дека неговиот болид подготвен од Ферари ќе биде конкурентен во битката со Мерцедес.

Во пресрет на новата сезона, возачот од Монако им открил на медиумите дека во минатото бил во лоши односи со Макс Ферстапен.

– Кога бевме мали не можевме ни да си погледнеме во очи.

– Но како поминуваше времето, созреавме и сега разговараме, има напредок во нашите односи.

– Тој е добро момче, но на крајот, секогаш кога ќе ги ставиме кацигите на глава, се враќа ривалството кое го имавме и кога возевме картинг, – изјавил Леклер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни