Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер возеше моќно Ферари на улиците во Монте Карло и даде прва поконкретна изјава за Саинц: Ќе ме извади од рамнотежа (Фото)

Објавено

на

Шарл Леклер му испрати емотивна порака на Себастијан Фетел откако беше потврдено дека Германецот нема да ги брани боите на италијанскиот тим наредната година, вест по која набрзо дојде и веста за неговиот нов тимски колега.

Карлос Саниц беше изборот на Ферари и Леклер во него ќе добие млад и сериозен конкурент, а свесен за тоа е и самиот возач од Монако кој денеска возеше Ферари СФ90 на патеката во Монте Карло.

Коронавирусот оневозможи да уживаме во легендарната трка во стандардниот термин од годината, но тоа не го спречи Леклер да сврти неколку круга околу патеката и да даде прва поконкретна изјава за својот нов тимски колега кој ќе го има по крајот на сезоната која воопшто не ни стартуваше.

– Искрено, јас не се сметам за пилот број еден. Сметам дека Карлос е голем пилот и ќе го докаже тоа во Ферари. Ако не е очигледно за сите, ќе стане многу брзо кога ќе биде дел од нас. За мене тоа ќе биде голема возбуда, иако ќе ми недостасува Фетел. Тој ме научи на многу нешта и среќен сум што го имав како тимски колега.

– Јасно е дека Карлос ќе ме извади од рамнотежа и дека ќе си бидеме конкуренција еден на друг, убеден сум дека ќе биде многу брз во Ферари, – изјави Леклер за „Лекип“.

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни