Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер повторно најбрз, разочарување за Ферстапен и Норис во Баку

Објавено

на

foto:www.facebook.com/ScuderiaFerrari

Шарл Леклер ќе стартува од пол позицијата на утрешната Формула 1 трка за ГН на Азербејџан, а предноста во однос на ривалите ја заработи по одличното возење во денешните квалификации.

За Леклер ова е четврта година по ред како стигнува до пол позиција на трката во Азербејџан, а останува да се види дали може да ја претвори и во победа.

Пилотот на Ферари имаше најбрзо време на патеката во Баку и ќе го предводи поредокот, во кој зад него ќе биде Оскар Пјастри од тимот на Мекларен.

Разочарување на денот е Ландо Норис, кој немаше среќа со тајмингот на жолтите знамиња и утре ќе стартува од дури 17. место, а потфрлија и членовите на Ред Бул, кои обезбедија само една место во првите два реда.

Серхио Перез ќе стартува од четвртата позиција, односно зад Карлос Саинц од Ферари, додека актуелниот шампион Макс Ферстапен го обезбеди шестото место во квалификациите.

За истакнување е и фактот што двајцата возачи на Вилијамс обезбедија Топ 10 позиција во квалификациите.

Квалификации – ГН на Азербејџан:

1. Леклер
2. Пјастри
3. Саинц
4. Перез
5. Расел
6. Ферстапен
7. Хамилтон
8. Алонсо
9. Колапинто
10. Албон

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни