Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер испрати порака откако стана јасно дека Фетел ќе биде минато во Ферари (Фото)

Објавено

на

Шарл Леклер дефинитивно ќе биде ударна игла во Ферари во иднина откако тимот и самиот Себастијан Фетел потврдија дека постигнале договор за прекин на соработката по крајот на договорот кој завршува оваа сезона, а во моменти кога се шпекулира во кој тим ќе заврши Германецот и кој ќе го замени во Маранело, навистина со нетрпение се очекуваше првата реакција на возачот од Монако.

Младиот Леклер многупати беше жртва на тимската тактика минатата сезона и се доби впечаток дека не може да дојде до израз токму поради Фетел, но во неколку наврати изрежираа и нестварни сцени на патеки со кои се крена тензија меѓу нив.

Сега, кога беше објавено дека четирикратниот шампион нема да продолжи во Ферари, Леклер испрати две искрени пораки и нагласи дека сепак најмногу научил токму од Фетел.

– Беше огромна чест за мене да бидам твој тимски колега. Имавме тензични моменти на патеките, но и многу добри и некои кои не завршија како што сакавме. Сепак, секогаш постоеше почит, иако не се добиваше таква перцепција од страна.

– Никогаш не научив толку многу како со тебе како мој тимски колега. Ти благодарам за се Себ, – заврши Леклер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни