Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер доби казна за трката во Абу Даби, Мекларен поблиску до титулата

Објавено

на

Ферари заработи сериозен удар во обидот да го престигне Мекларен во поредот на конструктори во Формула 1 шампионатот и тоа поради казната која му е изречена на Шарл Леклер.

Откако станало јасно дека Ферари мора да направи промена на важен дел во погонската единица на болидот на Леклер, стјуардите го „поздравија“ Леклер со казна од одземање десет позиции за неделната трка.

Леклер го надминал дозволениот број промени во овој сегмент, па последната трка во Абу Даби ќе му донесе жестока борба за обезбедување што подобра позиција, но тоа веројатно нема да биде доволно за остварување на клупските амбиции.

Во битката за конструкторската титула, Мекларен има 21 поен предност во однос на Ферари, а максималниот број достапни поени на трката се 44.

Ферари мора да брка еден-два победа за да има реални шанси да го престигне Мекларен, но Леклер нема да може да стартува понапред од 11. позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни