Поврзете се со нас

АТП

„Лекип“ со емотивна насловна страна за тажната вест која ја соопшти Надал (Фото)

Објавено

на

Рафаел Надал вчера ја одржа вонредната прес-конференција и самиот ја соопшти тажната вест која можеше да се предвиди, односно потврди дека нема да игра на претстојното издание на Ролан Гарос.

Ова сепак не беше најлошата вест за верните навивачи на „бикот од Мајорка“, бидејќи Надал во своето обраќање најави дека ќе направи подолга пауза, се со цел да биде подготвен да ја одигра својата последна сезона во кариерата.

Рафа посочи дека 2024-та најверојатно ќе биде неговата последна година во кариерата, а неиграњето на грен-слемот на кој е апсолутен рекордер, не ги растажи само Шпанците и долгогодишните навивачи на Надал.

Човекот кој важи за „крал на земјата“ ужива огромна почит во Франција поради тоа што е апсолутен рекордер на Ролан Гарос, па „Лекип“ го одбележа неговото откажување со емотивна насловна страна.

– Земјата остана без својот крал!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни