Италија
„Лекип“: Рабио веќе има конкретна цел за претстојниот преоден рок
Адриен Рабио вчера се врати во Торино каде ќе мора да помине 14-дневен карантин пред да им се врати на тренинзите со Јувентус, но француските медиуми тврдат дека тој размислува за разделба со италијанскиот клуб.
Само една сезона откако дојде како слободен агент од ПСЖ, Рабио очигледно сака да ја промени средината, а главна цел му е Евертон, каде повторно би соработувал со Карло Анчелоти, тврди „Лекип“.
Наводно интерес покажуваат и Манчестер Јунајтед и Арсенал, а се чини дека според досегашното искуство, најблиску до неговиот потпис ќе биде тимот кој ќе му ги исполни финансиските побарувања.
Рабио ова го потврди и со фактот што бил единствениот играч на Јувентус кој јавно кажал дека не се согласува со доброволно намалување на платите, што според таблоидите беше и причина за толку доцна да се врати во Италија.
Неговото однесување предизвикало револт и кај менаџментот на Јувентус, па се чини дека и „бјанконерите“ нема да го задржуваат ако добијат соодветна понуда за негов трансфер, односно ако договорат размена со фудбалер кој му е потребен на Маурицио Сари.
-
НБА18 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија8 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија17 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Франција23 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
НБА19 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
Македонија21 час
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)