Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Лекип“ првпат во историјата додели оценка единица поради дебаклот на Барселона

Објавено

на

Барселона заработи навистина многу критики од фановите, но и медиумите кои не ги штедеа Кике Сетиен и неговите избраници.

И додека фановите бараат промени и оставка од стручниот штаб, па и претседателот, најугледните медиуми не се штедеа при оценувањето на катастрофалното издание на екипата во најголем дел од натпреварот.

Француски „Лекип“ отиде најдалеку и првпат во одредувањето поединечни оценки додели „единица“, а истата ја доби тренерот Сетиен.

Де Јонг, Бускетс, Семедо, Видал и Пике едвај добиле „двојка“, Меси и уште неколку играчи добија „тројка“, а најдобро оценет е Суарез со „четворка“. Просечната оцена на Барселона е 2,7.

Од друга страна, Ханси Флик доби „деветка“, а единствен со идентична оценка меѓу фудбалерите е Томас Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни