„Л’Екип“ пренесува: Зидан од следното лето ќе седне на клупата на европски гигант

zidan-mikro

Францускиот стратег Зинедин Зидан кој по крајот на минатата сезона се одлучи да си замине од Реал Мадрид има само една желба каде да ја продолжи тренерската кариера во иднина.

Имено, како што пренесува најугледниот француски медиум „Л’Екип“ Зидан посакувал да го наследи Жозе Мурињо на клупата на „Црвените ѓаволи“.

Познато е дека Португалецот не се задржува повеќе од три сезони во еден клуб, а очигледно влошените односи со управата на „Ѓаволите“ го прават првиот фаворит за отказ во Премиер лигата.

Зидан претходно се поврзуваше со селекторската позиција на Франција, но таа е загарантирана за Дидие Дешамп, а сега многу цврсто се поврзува со премин на „Олд Трафорд“.

Пред околу еден месец англиските медиуми излегоа со објава дека и од Манчестер Јунајтед го сакаат Зидан доколку се решат да му врачат отказ на актуелниот тренер, Жозе Мурињо.

Facebook Коментари