Поврзете се со нас

Франција

„Л’Екип“ откри детали од договорот на Меси: Огромна заработувачка за само три години

Објавено

на

 

Угледниот француски медиум „Л’Екип“ во своето последно издание објави интерни информации од договорот на Лионел Меси со ПСЖ.

Аргентинската супер ѕвезда ова лето реализираше неочекуван трансфер во француската престолнина и по цели 20 години ја напушти Барселона.

Причината за заминувањето на Меси од Барселона беа финансиите откако клубот западна во сериозни проблеми и никако не можеше да ги исплатува барањата на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Во целата приказна се замеша ПСЖ кој и тоа како е финансиски моќен и успеа да му обезбеди договор на Меси според кој за три години тој ќе заработи вистинско богатство.

Меси за три години колку што се очекува да остане во ПСЖ ќе инкасира огромни 110 милиони евра. Платата на фудбалерот е 30 милиони евра по сезона, а покрај тоа тој ќе има дополнителни десет милиони евра за лојалност во втората и третата сезона.

Дополнително, Меси ќе добие уште милион евра во клупската криптовалута, па јасно е дека играчот дебело ќе го наплати неговиот престој во градот на светлината.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни