Поврзете се со нас

Свет

„Лекип“ објасни зошто Меси не е номиниран за „Златната топка“: Новите критериуми го исфрлија!

Објавено

на

„Франс Фудбал“ го објави списокот на 30-те номинирани фудбалери за „Златната топка“, листа во која за првпат нема да биде Лионел Меси по пауза од 15 години.

Аргентинецот е рекордер со седум освоени најпрестижни индивидуални изданија и човек кој најмногу пати бил на подиумот за „Златната топка“, но овојпат не само што не е еден од фаворитите, не се најде ниту меѓу 30-те најдобри.

Оваа одлука е најкоментирана вест во Франција од моментот кога се објавија номинациите, а „Лекип“ сега образложи зошто Аргентинецот нема да биде дел од овогодинешното доделување на Франс Фудбал.

– Со 15 учества по ред од 2006-та година и седумте освоени „Златни топки“, тоа треба да биде доволна тежина за да се најде во завршниот избор. Сепак, промената на критериумите не одеа во негова корист. Бришењето на сите претходни успеси во критериумите и новиот модел во кој се гледа една сезона, а не цела година, не му одеа во прилог.

– Со тоа, освоената титула во Копа Америка не е вклучена во неговите успеси, а потоа, мора да се признае дека неговата прва сезона во Париз беше нависитна разочарувачка, играчки, но и статистички, – гласи појаснувањето на „Лекип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни