Поврзете се со нас

Франција

„Л’Екип“ најавува сензационален и крајно неочекуван трансфер: Маркус Рашфорд се сели во редовите на ПСЖ?

Објавено

на

Eден од најтиражните спортски весници и сигурно медиум број еден во Франција, „Л’Екип“ најавува сензационален трансфер и доста неочекуван трансфер.

Имено, според медиумот од таборот на ПСЖ биле сериозно заинтереисрани во своите редови да го ангажираат Маркус Рашфорд од редовите на Манчестер Јунајтед.

Играчот минатата сезона беше ужасен и го изгуби стартното место во тимот, а на почетокот на оваа сезона исто така не покажа ништо и беше меѓу најслабите поединци на клубот на воведниот натпревар против Брајтон кој Манчестер Јунајтед го загуби со 1:0.

Според „Л’Екип“ веќе биле остварени првични контакти за кои Рашфорд бил свесен и бил подготвен да преговара за трансфер.

Наводно, преговорите меѓу клубот и играчот оделе во напредна фаза, па не би чудело доколку наскоро видиме сензационален трансфер.

Инаку, и тренерот на ПСЖ, Криштоф Галтие неодамна најави дека клубот со сигурност ќе купува уште еден офанзивец, а дали тоа ќе биде Рашфорд останува да видиме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни