Поврзете се со нас

Италија

„Лекип“: Јувентус и ПСЖ може да се договорат за размена на две ѕвезди

Објавено

на

Кристијано Роналдо и натаму нема дефиниран став за тоа дали ќе остане во Јувентус, а се очекува да биде потврдена конечната одлука на Португалецот.

Тој има уште една година од договорот со италијанскиот тим, но се чини дека Јувентус нема да му создава проблеми ако посака да замине во друг клуб, што отвора повеќе опции за „бјанконерите“.

Роналдо: Ден за одлука (ФОТО)

Француски „Лекип“ тврди дека од час во час се зголемуваат шансите за евентуална размена меѓу Јувентус и ПСЖ, во која Роналдо би заминал во Париз, додека во Торино би пристигнал Мауро Икарди.

Икарди е еден од фаворитите на Алегри на напаѓачките позиции, а ПСЖ ќе треба да го реализира овој потег со сознанието дека ќе треба да ја активира клаузулата која Интер ја вметна во договорот при трансферот на Аргентинецот.

Истата вели дека ПСЖ треба да исплати 15 милиони евра ако Икарди се врати во Серија А за време на договорот потпишан со францускиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни