Поврзете се со нас

Италија

„Лекип“: Јувентус ги контактирал агентите на Чави

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Јувентус не ги постигнува резултатите кои беа очекувани под водство на новиот тренер Тиаго Мота, со што расте незадоволството кај фановите кои мораат да се соочат со уште една сезона со променливи игри и резултати.

Италијанските медиуми сметаат дека Мота сепак ќе добие сериозна шанса да го потврди својот тренерски квалитет, па и во случај Јувентус да не стигне до место кое води во Лигата на шампионите, иако никој не може да гарантира дека раководството нема да го промени ставот.

Такво нешто навестува и информацијата на „Лекип“, медиум според кој претставници на „бјанконерите“ контактирале со агентите на Чави Ернандес.

Францускиот медиум пренесува дека Јувентус побарал информации околу условите и ставот на Чави за евентуално пристигнување во Торино, со што би бил подготвен за брза рокада при носење одлука за разделба со Мота.

Чави е без клуб откако ја заврши соработката со Барселона, а претходно беше поврзуван и со Милан, кој пак два пати по ред се одлучи за португалски тренери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни