Поврзете се со нас

Англија

„Л’Екип“ го откри новиот клуб на Лаказет: Французинот и дефинитивно си оди од Арсенал

Објавено

на

Францускиот напаѓач, Александре Лаказет и дефинитивно ќе си замине од редовите на Арсенал како слободен агент.

Офанзивецот во последно време не добиваше многу прилики од Микел Артета, а тоа јасно даде до знаење дека на него нема да се смета за следната сезона.

За разлика од неговиот колега од нападот на Арсенал, младиот Еди Енкетија, Лаказет не успеа да се избори за нов договор, па ова лето како слободен агент ќе ја промени средината.

Угледниот француски медиум „Л’Екип“ пренесе дека за услугите на Лаказет најмногу се интересира неговиот поранешен клуб, Олимпик Лион.

Како што стојат работите, Лион ќе го обезбеди потписот на Лаказет кој веќе го информирал тимот на Арсенал дека и дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во Северен Лондон, туку дека ќе се врати во тимот од кој направи трансфер во Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни