Поврзете се со нас

Македонија

Лекиќ: Никогаш нема да го заборавам Вардар, љубовта на Македонците кон ракометот е необјаснива

Објавено

на

blank

Андреа Лекиќ добар дел од својата кариера ја мина во ЖРК Вардар, клуб со кој доминираше на домашната сцена, доаѓаше во завршницара на Лигата на шампионите, но и покрај сите напорни не успеа да се израдува на трофејот во елитното натпреварување.

Меѓутоа петте минати години во Скопје оставија голема трага кај неа, период кој засекогаш ќе го памети поради луѓето, но и полните трибини, атмосферата во СЦ „Јане Сандански“.

-Љубљана беше победа над стравот, прва година надвор од својата земја. Потоа се тргна феноменално кога ќе сфатиш што можеш и кога вербата ќе го победи стравот, потоа се е полесно. Подоцна во Ѓер се формирав како играч, потоа пет незаборавни години во Вардар, жалам само што не ја освоивме Лигата на шампионите. Меѓутоа тоа е средината која најмногу ќе ја паметам, љубовта на Македонците кон ракометот е необјаснива. Тоа е спорт број еден, секогаш салата беше полна, луѓето се неверојатно срдечни.

-Букурешт од друга страна е значително поразличен, исклучително тешка година ипо затоа што беа повредени голем број играчи. Во Будуќност сум само четири месеци, па не можам многу да кажам. На овој пат стекнав неверојатни пријателства, запознав нови култури и тоа е најубавото нешто што ви го нуди спортот. Кога би можела да го направам сето тоа одново од почеток, дефинитивно ќе одев по истиот пат, -истакна Андреа за „Новости“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни