Поврзете се со нас

Олимписки игри

Лекција за Дончиќ и компанија: Хрватска ја разби Словенија во олимписките квалификации (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FIBA

Репрезентацијата на Хрватска оствари убедлива победа над Словенија од 108:92 во натпреварот од олимписките квалификации кои се играат во Пиреја, Грција.

„Коцкестите“ им одржаа вистинска лекција на соседите надигрувајќи ги од првата до последната четвртина. Хрватска имаше страшен прв период кој го реализираше со 31:16, па водена од оваа енергија продолжи да игра и во преостанатиот дел во кој Словенците никако не успеваа да фатат приклучок, вистински да се заканат.

Шариќ имаше трипл-дабл од 19 поени, 10 скока и 10 асистенции, Филиповиќ реализираше 21 поен, додека Зубац застана на 18 кошеви.

Кај поразените Дончиќ имаше трипл-дабл (26 поени, 11 скока, 10 асистенции), ама со слаба реализација 8 од 23.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни