Поврзете се со нас

Англија

Лекарскиот тим на Челси со прва прогноза за отсуството на Лукаку

Објавено

на

Ромелу Лукаку заработи повреда уште во првото полувреме на дуелот со Малме од Лигата на шампионите, што донесе стравување за подолга пауза во таборот на Челси.

Првите информации кои пристигнуваат од Лондон се дека белгискиот репрезентативец го избегнал најлошото сценарио, но сепак ќе мора да мирува одреден период.

Деталните прегледи покажале дека напаѓачот на Челси избегнал проблем со лигаментите, а првата прогноза е дека ќе паузира две-три недели.

Сепак, информацијата не е официјално споделена бидејќи лекарите првично треба да утврдат како ќе реагира повреденото место по првите денови од процесот на рехабилитација, што ќе има значење и во однос на должината на отсуството на играчот платен над 100 милиони фунти.

Позитивно за Челси во целата ситуација е што наредниов месец нема ниту еден дерби натпревар, односно ќе игра со Норич, Саутемптон, Њукасл, Малме и Барнли, а првиот посериозен испит е на 20. ноември кога лондонскиот клуб ќе му гостува на Лестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни