Лекар на Челси објасни зошто Стариџ постојано се повредува

staridz-82893289

Напаѓачот на Ливерпул Даниел Стариџ се надеваше дека ќе успее да си ја оживее кариерата на позајмица во Ливерпул, но по само три минути од вчерашниот дуел против Челси мораше да излезе од игра поради повреда.

Тоа е седма повреда за Стариџ од почетокот на инатата сезона. Долгододишниот тимски доктор на Челси Ралф Роџерс ги објасни можните причини зошто талентираниот напаѓач толку многу се повредува.

– Ако некој претрпе тешка повреда, често се случува да развиео оштетено ткиво на повредено место. Она што го знаеме за таквото ткиво е дека не функционира како нормален мускул и е подложно на повторно повредување. Ако има многу оштетено ткиво, тогаш знаеме дека играчот е подложен да се повреди повторно. Дополнително, имате експлозивни играчи чија најсилна страна е брзината, па ако мускулите се напнати и е ладно, тогаш лесно е да се повредат – вели Роџерс.

Facebook Коментари