Лејно по потврдата дека заминува во Ѓер: Жал ми е што приказната заврши на ваков начин

amandin-lejno4

Амандин Лејно ја игра последната сезона во дресот на македонскиот првак Вардар, а нејзина следна дестинација ќе биде Ѓер.

Французинката од следната сезона ќе застане на голот на во моментов актуелниот европски шампион, трансфер кој дефинитивно ќе биде големо засилување за и онака квалитетниот Ѓер, a самата Лејно ја потврди информацијата за француски „Лекип“.

Покрај останатото, таа го прокоментира и периодот минат во Вардар и Македонија каде настапува од 2013 година.

– Напредокот во Вардар ми донесе и други можности: друга култура, друга земја, идилично тренинг опкружување и занимавање со спортот број еден во државата. Навистина бев задоволна и среќна, го сакам клубот и жал ми е што приказната ќе заврши на ваков начин, – вели Лејно алудирајќи на официјалниот став на ЖРК Вардар од следната сезона да настапува со помали амбиции, поради што и ракометарките добија можност да си бараат нови клубови.

Facebook Коментари