Лејно откри нешто за спонзорот на ЖРК Вардар што долго време се шпекулираше

Amandin_Lejno

Амандин Лејно голманката на ЖРК Вардар, која брани во одлична форма и која е една од најдобрите ракометарките оваа сезона, во интервју за француски „Л’Екип“,потврди дека од наредната сезона ќе биде нов голман на Ѓер, а го откри она што подолго време се шпекулираше во јавноста, дека женскиот клуб Вардар од наредната сезона ќе настапува со подмладен состав и дека приоритет на спонзорот му се машкиот ракометен клуб и машкиот фудбалски клуб од спортскиот бренд ,,Вардар”

– Имавме средба со раководството на клубот, ни беше кажано дека не се планира да се продолжи со ова темпо за наредната сезона и дека клубот ќе продолжи со различен и подмладен состав. Сепак во ред е зошто со време ни кажаа за да може да си најдеме ангажман. Спонзорот ќe продолжел со машкиот ракометен и фудбалски тим, – изјави Лејно.

Facebook Коментари