Лејно го доби дуелот со Радичевиќ, Франција во полуфиналето на СП

Lejno

Француската женска ракометна репрезентација и се придружи на Шведска во полуфиналето на СП во Германија, а откако вечерва заслужено ја совлада Црна Гора со резултат 25:22.

Амандин Лејно со 13 одбрани е најзаслужна што Франција обезбеди место меѓу најдобрите четири репрезентации, а во нападот најрасположена беше Пино со 5 голови. Лакрабер постигна 4 голови, а таа и Лејно го добија дуелот со уште една ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, која овојпат постигна само 4 погодоци во поразениот состав. Најефикасна во црногорскиот состав беше Булатовиќ со 9 голови.

Претходно, Шведска ја совлада Данска со 26:23, со што сега ја очекува дуел со Франција во борба за големото финале.

Facebook Коментари