Поврзете се со нас

НБА

Лејкерси на само победа до големото финале во НБА Лигата

Објавено

на

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа во четвртиот натпревар од финалната серија на Западот против Денвер со 114:108 и стигнаа на само една победа до големото финале во НБА Лигата (3:1).

„Езерџиите“ имаа контрола на резултатот од самиот почеток на натпреварот и истата успеаја да ја одржат до самиот крај.

Најефикасен во таборот на победничкиот тим беше Ентони Дејвис со 34 постигнати поени, додека Леброн Џејмс запиша 26 поени.

Кај противничкиот тим најефикасен беше Џамал Мареј со 32 поени, а него го следеше Џереми Грант кој запиша 17 поени.

Денвер Нагетс и претходно во плеј-оф серијата се враќаше од негатива од 3:1, па затоа Лејкерси  не треба да се опуштаат и да мислат дека се е готово меѓу овие два тима.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни