НБА
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс го доживеа првиот пораз во ерата ЛеБрон-Дончиќ, откако рано утрово „џезерите“ успеаја да им се реваншираат за поразот од пред два дена.
Јута овојпат на домашен терен имаше одличен одговор за ѕвездениот тим на Лејкерси и Марканен беше предводник во победата 131:119, натпревар на кој Дончиќ имаше навистина лоша шутерска вечер за свои стандарди.
Словенецот го заврши мечот со 16 поени зад своето име, но шутираше 6/13 од поле 3/8 за три поени, а погоди и само едно од пет слободни фрлања.
Овој учинок е навистина далеку од стандардите кои ги има поставено Лука во НБА лигата, но дури и во лоша ноќ, Лука имаше две сензационални асистенции од вкупно четири. Под својот просек беше и ЛеБрон кој го заврши мечот со 18 поени, додека најдобар играч на паркетот беше Марканен со 31 поен во победата на Јута.
За разлика од Лејкерс, Денвер продолжи да „меле“ и ја запиша осмата победа во низа, и тоа во натпревар во кој Мареј запиша личен рекорд.
Плејмејкерот на Нагетси постигна неверојатни 55 поени во победата над Портланд со 132:121, но извонреден беше и Никола Јокиќ кој го запиша својот 25-ти трипл дабл од стартот на сезоната (26 поени, 15 скокови и 10 асистенции).
НБА резултати:
Бостон Селтикс – Сан Антонио Спарс 115:103
Орландо Меџик – Шарлот Хорнетс 102:86
Вашингтон Визардс – Индијана Пејсерс 130:134
Бруклин Нетс – Филаделфија Севентисиксерс 100:96
Њујорк Никс – Атланта Хокс 149:148
Торонто Репторс – Кливленд Кавалирс 108:123
Чикаго Булс – Детроит Пистонс 110:128
Минесота Тимбервулвс – Милвоки Бакс 101:103
Њу Орлеанс Пеликанс – Сакраменто Кингс 111:119
Оклахома Сити Тандер – Мајами Хит 115:101
Хјустон Рокетс – Феникс Санс 119:111
Денвер Нагетс – Портланд Трејлблејзерс 132:121
Јута Џез – Лос Анџелес Лејкерс 131:119
Далас Маверикс – Голден Стејт Вориорс 111:107
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)