Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс загуби неверојатен трилер со три продолженија, Леброн заработи казна поради прославата (Видео)

Објавено

на

Како најдобар крај на утринската програма во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс и Сакраменто го одиграа убедливо највозбудливиот меч, кој беше максимално неизвесен и на кој се одиграа дури три продолженија за да се реши победникот.

Леброн Џејмс на двапати не успеаваше да постигне клучен кош за победа, а тоа на крајот скапо го платија „езерџиите“ кои во третото продолжение загубија од Кингси и претрпеа пораз од 137:141.

Регуларниот дел од мечот заврши 100:100, додека во трите продолженија беа постигнати 78 поени пред да се добие конечниот победник во вистинскиот трилер во „Стејплс центарот“.

Додека траеше мечот, Леброн Џејмс доби уште една казна од НБА лигата, овојпат за прославата против Индијана Пејсерс кога постигна извонредна тројка во продолжението.

„Кралот Џејмс“ претходно заработи суспензија од еден меч поради инцидентот со Стјуарт, а најново доби парична казна од 15 илјади долари поради недоличната гестикулација при прославата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни