Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс стопија двоцифрена негатива за победа во продолжение против Њујорк (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Lakers

Њујорк беше сериозен испит за Лејкерс и неговите први ѕвезди ЛеБрон Џејмс и Лука Дончиќ, но на крајот тимот од Лос Анџелес ја продолжи победничката серија, за што овојпат беше потребно и продолжение.

Гостите имаа предност, често и двоцифрена, уште од вториот период на дуелот, но Лејкерс успеаја со серија во финишот да се изборат за дополнителни минути, а во нив ја искористија и повредата на Џејлен Брансон.

Брансон го повреди зглобот при еден доскок и по слободните фрлања замина во соблекувалната, а Лејкерс го добија дуелот со 113:109 за скор 40-21 во моментов.

Дончиќ го заврши дуелот со 32 поени и 12 асистенции, Џејмс уфрли 31 поен, додека Брансон ги предводеше гостите со 39 поени.

Стеф Кари со 40 поени го предводеше Голден Стејт до гостинска победа над Бруклин, а Бостон немаше поголеми проблеми со Филаделфија, за зацврстување на втората позиција на Истокот.

Орландо-Чикаго 123:125
Атланта-Индијана 124:118
Бостон-Филаделфија 123:105
Бруклин-Голден Стејт 119:121
Њу Орлеанс-Хјустон 97:109
Л.А Лејкерс-Њујорк 113:109

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни