Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс стави крај на лошата серија, Мајами имаше решение за „џезерите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Бранителот на титулата во НБА лигата, тимот на Лос Анџелес Лејкерс и стави крај на серијата од четири порази и славеше против Портланд Трејл Блејзерс со 102-93.

„Езерџиите“ го спуштија противникот на само 93 поени и со тоа ја имаа најдобрата одбрана на вечерта во најсилниот кошаркарски шампионат. Во прв план беше кој друг ако не Џејмс со 28 поени, 7 асистенции, 11 скокови, 4 украдени топки и 3 блокади, но не треба да се заборави ниту учинокот на Шрудер за кого ова беше прва средба по паузата која ја имаше поради КОВИД протоколите.

Германецот даде 22 поени со 3 скокови и 2 асистенции, додека резервистот Харел додаде 17 кошеви со 9 скокови. Залудно Портланд го имаше најефикасниот играч во „Стејплс Центарот“-тоа беше Лилард со 35 поени.

Мајами Хит влезе по одлична низа, петте победа по ред која ја забележа над Јута Џез, екипата со најдобар учуник во шампионат. „Жешките славеа“ со 124-116, прво име беше Батлер со 33 поени, 10 скокови, 8 асистенции со што ја доби битката со Мичел кој застана на 30 кошеви, 6 скока и 3 асистенции.

Резултати:

Бостон – Индијана 118:112
Торонто – Хјустон 122:111
Чикаго – Феникс 97:106
Детроит – Сакраменто 107:110
Мемфис – ЛА Лејкерс 99:119
Мајами – Јута 124:116
Оклахома – Атланта 118:109
Голден стејт – Шарлот 130:121
ЛА Лејкерс – Портланд 102:93

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни