Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс сакаат да додадат уште една голема ѕвезда во своите редови

Објавено

на

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс имаше разочарувачка сезона во која дефинитивно улога имаа повредите на главните ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, меѓутоа сето тоа е веќе минато и клубот од „Стејплс Центар“ веќе се подготвува за натпреварувачката 2021/2022.

„Езерџиите“ веќе успеаа да ангажираат една голема ѕвезда и тоа е Расел Вестбрук кој пристигна од Вашингтон Визардс. Лејкерс не планираат тука да застанат и според информациите на „ЕСПН“ и новионарот Џордан Шулц нивна голема желба е ветеранот Кармело Ентони.

Ентони е многу добар пријател на Леброн и ова заедно со можноста да се дојде до титулата може да се покаже како клучно за популарниот Мело да се пресели во Калифорнија. Ентони во изминативе години беше дел од Портланд Трејл Блејзерс, во последната кампања имаше просек од 13,1 поени, 3,1 скокови и шут од 42,1 проценти од поле и рекордни во кариерата 40,9 проценти за три поени.

Кармело во досегашната НБА кариера има настапува за Денвер Нагетс, Њујорк Никс, Оклахома Сити Тандер и Хјустон Рокетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни