Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс поведе во финалната серија, тежок удар за Мајами откако им се повреди клучен играч

Објавено

на

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа убедлива победа против Мајами од 116:98 во првиот натпревар од големото финале во НБА Лигата.

„Езерџиите“ одиграа перфектни три четвртини, со исклучок на првата, и сосема заслужено стигнаа до предност од 1:0 во серијата.

Тимот од Флорида имаше предност од 13 поени во првата четвртина, меѓутоа потоа Лејкерс направи голема разлика со серијата од 21:5 и потоа продолжи да го меле противникот.

Во еден момент предноста на Лејкерси беше дури и 32 поени, па прашањето за тоа кој ќе го добие првиот финален натпревар уште тогаш беше решено.

Голем пех за Мајами се случи во втората четвртина кога еден од најдобрите играчи на тимот, Горан Драгиќ заработи повреда која веројатно ќе го оддалечи од настап до крајот на серијата.

Што се однесува до стрелците, Ентони Дејвис беше одличен на паркетот и имаше 34 поени, додека Леброн Џејмс заврши со дабл-дабл учинок од 25 поени, 13 скокови и девет асистенции.

Кај Мајами најпрецизен беше Џми Батлер со 23 поени, додека Кендрик Нан кој беше резервист заврши со 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни