Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс не го искористија блесокот на ЛеБрон, Бостон го доби дербито со Милвоки

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс загуби по едно продолжение на гостувањето кај Атланта и пропушти да профитира од фантастичниот настап на ветеранот ЛеБрон Џејмс.

Големата ѕвезда на НБА лигата го заврши натпреварот со 39 поени, 11 асистенции и 10 скокови, но и овој трипл-дабл се покажа како недоволен за триумф во неизвесниот меч.

Дејвис со 38 поени одлично му парираше на Џејмс, додека кај победникот, Јанг постигна 31, Хантер 26, а Богдановиќ уфрли 20 поени.

Бостон пред своите фанови го совлада големиот ривал Милвоки, во натпревар на кој најдобар реализатор беше Тејтум со 34 поени, додека Браун со 25 поени е втор најдобар поединец во победничкиот тим. Кај гостите, Лилард реализираше 31, а Адетокумбо го заврши натпреварот со 30 поени.

Филаделфија – Орландо 102:94
Атланта – Л,А Лејкерс 134:132пп
Бостон – Милвоки 111:105
Чикаго – Индијана 123:132
Сан Антонио – Сакраменто 113:140
Голден Стејт – Минесота 90:107
Портланд – Јута 99:141

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни