Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс и Мемфис играле дополнителни 66 секунди, судиите направиле три грешки во корист на гостите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/memgrizz

НБА лигата потврди дека натпреварот меѓу Мемфис и Лос Анџелес Лејкерс траел подолго од предвиденото, нешто што е несфатливо за оваа елитна лига, а е последица на грешка на голем број официјални лица на овој дуел од регуларниот дел од сезоната.

Третиот период од мечот траел 66 секунди повеќе откако домаќините не завршиле еден напад навреме, па часовникот од 1:14 бил вратен на 2:20 минути до крајот на периодот.

Судиите и двете клупи не ја забележале грешката, исто како и официјалните лица на записничката маса, па третиот период добил дополнителни 66 секунди во кои барем резултатот бил израмнет (2:2).

Лигата потврди дека е направена анализа и на судењето во последните две минути и она што е позагрижувачко е што биле направени три грешки во финишот и сите три во корист на Лејкерс.

Судиите не санкционирале две грешки на ЛеБрон Џејмс, кој два пати направил чекори кои не му се судени, а не е досудена и офанзивна лична грешка на Хачимура.

Натпреварот заврши со резултат 120:123.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни