НБА
Лејкерс и Атланта го потврдија учеството во НБА плејофот

Атланта го победи Мајами како гостин со 105:116, додека Л.А Лејкерс мораше да игра продолжение, но славеше над Минесота во плеј-ин натпреварите од НБА лигата.
ЛеБрон Џејмс го предводел својот тим со 30 поени и 10 скокови до победа со резултат 108:102 по едно продолжение, со што Лејкерс си обезбедија плејоф пресметка со Мемфис Гризлис која започнува во сабота.
Дејвис уфрлил 24 поени за победничкиот тим, а тоа бил ефектот и на Таунс кај Минесота, екипата која беше сериозно ослабена поради неиграњето на суспендираниот Гобер и повредениот МекДениелс.
И со ваков состав Минесота му создаде многу проблеми на домашниот тим, кој првпат поведе во последниот период, но се снајде подобро во клучните моменти од средбата.
Тре Јанг ја предводеше Атланта до голема победа на Флорида, постигнувајќи 25 поени во триумфот на „јастребите“ и во разочарувањето за домашните фанови.
Лаури со 33 и Хиро со 26 поени се истакнале во редовите на Мајами, но тоа не било доволно за посакуваниот резултат.
Противник на Атланта во плејофот ќе биде тимот на Бостон Селтикс, додека Мајами и Минесота ќе имаат уште една шанса за да се борат за осмите места во своите конференции.
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 21 час
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 22 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)