Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс гради силен стручен штаб околу Редик: Двајца искусни стратези потпишаа за „езерџиите“

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс реши да ризикува и за нов тренер го назначи Џеј-Џеј Родик кој нема никакво искуство на оваа сцена, но веднаш по неговиот ангажман беше испратена порака дека ќе добие соодветна помош, односно дека неговиот стручен штаб ќе го сочинуваат асови кои знаат што значи да се води, работи во тим од НБА лигата.

„Езерџиите“ веќе се впуштија во акција и се договорени двајца стратези, Нејт МекМилан и Скоти Брукс кои се долго на оваа сцена.

МекМилан последниот ангажман го имаше во Атланта, а претходно има работено во Индијана, Портланд и Сиетл и има рекорд  760-668.

Брукс пак има работено како главен тренер во Оклахома Сити Тандер и Вашингтон, има повеќегодишно искуство како асистент во неколку тимови или учинок од  521-414.

Знаење на Нејт и Скоти дефинитивно ќе биде од голема помош за Редик кој потпиша договор на четири сезони со Лејкерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни