НБА
Лејкерс го „шутна“ Вестбрук во трејд во кој беа вклучени осум играчи

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс се реши да направи сериозни промени во играчкиот кадар по лошите резултати во досегашниот дел од оваа сезона, па така откако пред некое време овој тим го доби Руи Хачимура во размената со Вашингтон Визардс сега направи уште поголема „трампа“ во која се ослободи од Расел Вестбрук.
Долго време се говореше за можно заминување на плејмејкерот што и на крајот конечно се случи и тоа во трејд меѓу три екипи во кои беа клучени осум играчи и неколку пикови на следните НБА драфтови.
Имено Рас беше испратен во Јута Џез заедно со Хуан Тоскано Андерсон и Демијан Џонс. Лејкерс пак од Минесота ги доби Дианџело Расел, Малик Бизли и Џеред Вандербилт, додека пак во Тимбервулвс заминаа Мајк Конли и Никил Александер Вокер.
Ова е операцијата во која беа клучени Лејкерс, Минесота и Јута со тоа што вторите добиваат и пикови на драфтот во 2024, 2025 и 2026, а џезерите од 2027 година.
Најважните актери во зделката се Вестбрук и Расел, па така популарниот Рас ќе се испроба во уште една новоа средина во НБА лигата, додека за Дианџело ова ќе биде камбек во Лејкерс, тим кој во 2015 година го избра како втор пик на драфтот.
-
Шпанијапред 21 час
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
„Ел Класико“ пикантерии: Винисиус имал порака за Араухо по среќниот гол, Модриќ изустил два збора по поништениот гол од ВАР (Видео)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик