Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс го преживеаја Морант и стигнаа до првата победа сезонава

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс се намачи, но стигна до првата победа сезонава и тоа во дуелот со Мемфис Гризлис (121:118).

Навивачите повторно стравуваа до последните секунди, пред се поради расположениот Џа Морант, кој во завршницата беше и трагичар во својот тим.

Морант постигна 40 поени и имаше 10 асистенции, но во завршните секунди промаши слободно фрлање, со кое можеше да го одведе дуелот во продолжение.

Во редовите на Л.А Лејкерс, ЛеБрон Џејмс се активираше во завршницата и го заврши дуелот со 19 поени, а најефикасни беа Ентони со 28 и Дејвис со 22 поени.

Со победа на гостувањето кај Сакраменто (107:119), Голден Стејт го задржа перфектниот учинок, а Кари повторно беше лидер на екипата, со 27 поени, 10 асистенции и 7 скокови.

На другите натпревари исто така победија гостите:
Хјустон-Бостон 97:107
Њујорк-Орландо 104:110
Оклахома-Филаделфија 103:115

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни