Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс го освои „Ти-Ди Гарден“ без Џејмс и Дејвис, рекордна партија на Макси за славје на Филаделфија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:bleacherreport.com/

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс славеше над Бостон Селтикс со 114:105 во дуелот на лутите ривали кој рано утрово се играше во „Ти-Ди Гарден“.

Домашниот тим беше апсолутен фаворит со оглед на формата, но и фактот што „езерџиите“ за овој дуел не можеа да сметаат на своите двајца најдобри играчи Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Меѓутоа во отсуство на „веѓата“ и „кралот“ некои други момци ја преземаа одговорноста и го шокираа Бостон на негов терен, пораз кој е само трети за Тејтум, Браун и компанија во нивниот дом во оваа натпреварувачка кампања.

Блескаше Ривс кој погоди седум тројки од десет обиди или вкупно уфрли 32 поени со 2 скока и 3 асистенции, ама уште петмина играчи беа двоцифрени од кои вреди да се издвои дабл-дабл изданието на Хејс од 16 кошеви и 10 скока.

На другата страна Тејтум и Порзингис заедно искомбинираа 40 кошеви.

Тајрис Макси пак уфрли рекордни за него во кариерата 51 поен и со тоа одигра клучна улога во триумфот на Филаделфија над Јута во Солт Лејк Сити со 127:124.

„76-ките“ го имаа и Херис со 28 поени и Убре Џуниор со 16 поени што беше доволно за прекин на серијата од четири порази. Дабл-дабл ефект кај поразените имаше најдобриот фински играч Марканен со 28 поени и 10 скокови.

Резултати:
Бостон – ЛА Лејкерс 105:114
Њујорк – Индијана 109:105
Мемфис – Кливленд 101:108
Јута – Филаделфија 124:127

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни