Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс едвај победи, па потврди огромно засилување за одлучувачкиот дел од сезоната (Фото)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс е комплетно друг тим без повредените Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, но после серијата од порази, вечерва успеа да ја врзе втората победа во низа во НБА лигата.

„Езерџиите“ со многу мака успеаја да се справат со Орландо кој е еден од најслабите тимови во лигата, но откако славеа во „Стејплс центарот“ со 96:93, стигна една крајно позитивна вест за фановите на оваа НБА франшиза.

Лос Анџелес Лејкерс доби огромно засилувањето во рекетот и одбраната за одлучувачкиот дел од сезоната, бидејќи успеа да го договори Андре Драмонд од редовите на Кливленд.

– Навистина сме презадоволни што во нашиот тим го додава Драмон, играч од таков калибар ќе биде многу значаен за тимот во блиска иднина, но и на долгорочен план, – изјави тренерот Франк Вогел за 27-годишниот центар.

– Тој е еден од најдобрите центри во лигата, играч кој може да ни донесе фантастична организација во одбраната и добри работи на двете страни од теренот, – изјави Вогел.

На преостанатите два натпревари во НБА изминатава вечер, Денвер ја победи Атланта со 126:102, а Портланд славеше на гостувањето кај Торонто со 117:122.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни