Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс ангажираше центар со 680 натпревари во НБА лигата

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс беше по потрага по центар откако пропадна трејдот со Шарлот Хорнетс за Марк Вилијамс, играч кој требаше да биде сериозно засилување во борбата под кошевите.

„Езерџиите“ немаа премногу избор на пазарот и на крајот го доведоа искусниот Алекс Лен. Се работи за укрански центар кој ја игра 12. сезона во НБА лигата, ас кој веќе има одиграно дури 680 мечеви во најквалитетната лига на светот.

Тој требаше да потпише за Индијана Пејсерс, меѓутоа по понудата од клубот од Калифорнија се предомисли и ќе игра заедно со Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.

Алекс сезонава настапи на 36 мечеви за Сакраменто Кингс и имаше скромни бројки од 1,4 поени и 1,8 скока за 7,2 минути на паркетот. Во кариерата пак има 6,7 поени, 5,3 скока за 17,1 минута по натпреварот.

Лен ќе се бори за минути со Хејс, додека пак Лејкерс во исто време се откажа од Кристијан Вуд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни