Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Леива и Патрик изрежираа аматерска грешка на „Олимпико“, Баерн води 0:3 на полувреме (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен не можеше да излезе со најсилен тим поради проблемите со повреди и коронавирусот против Лацио, но и во такви услови, прилично рутинерски се прошета во првото полувреме на „Олимпико“ во Рим.

По 45 минути игра, европскиот шампион има водство од 0:3, резултат кој не делува воопшто оптимистички за италијанскиот тим кој има огромна негатива.

Баерн поведе со голот на Левандовски, младиот Мусиала погоди за 0:2, а пред крајот на првиот дел следеше аматерска грешка од страна на двајца играчи на Лацио.

Лукас Леива и Патрик на урнебесен начин си посметаа и му ја оставија топката на Коман, а потоа крилниот фудбалер одлично истрча, биеше, а одбиената топка заврши кај Сане кој лесно погоди за 0:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни