Поврзете се со нас

Италија

Легротаље: Никогаш не се вклопи, Де Лихт не е лидер во Јувентус

Објавено

на

Екипата на Јувентус е на добар пат за обезбеди две големи засилувања во имињата на Пол Погба и Анхел Ди Марија, но во исто време останува неизвесна судбината на дефанзивецот Матијс Де Лихт.

Сериозен интерес за него има од премиерлигашот Челси кој сака да ја засили одбраната, па се бара соодветна формула со која Холанѓанецот би се преселил на „Стемфорд Бриџ“. Јувентус има високи барања и останува да се види дали „сините“ ќе дојдат до потписот на играчот од кого многу се очекуваше во Торино по трансферот од Ајакс во 2019 година вреден 85,5 милиони евра.

Матијс беше критикуван за своите настапи, но навистина е голем знак прашалник дали Јуве би се разделил со него особено сега кога си замина долгогодишниот лидер, капитен, Џорџо Кјелини.

Еден од играчите кој знае што значи да се носи дресот на „бјанконерите“ е Никола Легротаље кој имаше што да каже за Де Лихт и неговата досегашна епизода.

-Отсекогаш ми се допаѓал во однос на неговите карактеристики, но мислам дека тој никогаш навистина не се вклопи во Јувентус. Никогаш не сум го видел да биде лидер, однадвор изгледаше како да не е баш дел од групата.

-Тој навистина никогаш не направи се што можеше за да ги натера соиграчите да го сакаат, -истакна Никола кој беше член на италијанскиот великан од 2003 до 2011 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни