Поврзете се со нас

Англија

Легендите се „зајадоа“ на Твитер: Фердинанд и Карагер си зададоа „ниски удари“ пред фановите (Видео)

Објавено

на

Џејми Карагер влезе во жестока расправија со Рој Кин за време на неделното дерби меѓу Челси и Манчестер Јунајтед, обидувајќи се да ја оправда одлуката на Мајкл Керик да го остави Кристијано Роналдо на клупата за резерви.

Легендарниот стопер на Ливерпул кој е стандарден аналитичар на „Скај“ не гледа никаков проблем Роналдо да седи на клупата на одредени средби и си разменија спротивставени мислења со Рој Кин, но во нивната вербална „војна“ се вклучи и Рио Фердинанд и истата стана вирална на Твитер.

– Карагер, престани да се расправаш со човек кој има освоено повеќе титули во кариерата. Карагер не треба да зборува за освоени лиги, бидејќи тој никогаш го нема направено тоа. Не знае што значи тоа, не знае како да го направи тоа, треба да се држи само до Куп титулите. Кога зборува за титулите во лигата, го исклучувам тонот, – вели Фердинанд.

На оваа прозивка, Карагер не остана рамнодушен, па му порача на Фердинанд да не глуми толку лојален фан на Јунајтед, кога при крајот на кариерата сакал да направи трансфер во Челси.

– Не зборував за титули, туку за договорот на Роналдо со Манчестер Јунајтед кој ти го договори. Немам Премиер лигата, но на Скај им се допаѓаат моите мислења! Немаш трофеј во твојата кариера без Алекс Фергусон и кога почна да не ги освојуваш со Јунајтед, се обиде да направи штрансфер во Челси. Затоа прекини да се прикажуваш како голем фан на Манчестер Јунајтед, – возврати Џејми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни