Поврзете се со нас

Англија

Легендите на Јунајтед воодушевени од мајсторијата на Гарначо: Ова беше неверојатно, магичен гол (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед успешно го реши тестот против Евертон на „Гудисон Парк“ и тоа во средба во која најверојатно го видовме голот на сезоната.

Младиот Алехандро Гарначо постигна спектакуларен, атрактивен погодок со „ножички“, мајсторија кој сигурно уште долго време ќе се врти на телевизиите, интернет и социјалните мрежи.

Таков гол се дава еднаш во животот и истиот ги шокираше и легендите на „црвените ѓаволи“.

-И Гарначо не може да поверува. Јас не можам да поверувам. Мислам дека никогаш не сум бил на стадион за да видам толку добар удар со ножички – а бев за Руни во дербито на Манчестер. Ова беше неверојатно. Магичен, магичен гол, -порача Гери Невил.

-Ти благодарам Гарначо. Гол на сезоната, дефинитивно, -истакна Рио Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни